Во Хондурас денеска се одржуваат претседателски избори. Гласањето се одржува по пет месеци откако со државен удар беше соборен претседателот Мануел Зелаја. Во пресрет на гласањето безбедноста е зајакната во главниот град. На изборите не учествуват ниту Зелаја , ниту сегашниот претседател на земјата, Роберто Мичелети.