Босна - уставни промени

Во новиот пакет уставни промени на Босна и Херцеговина, кои претставниците на ЕУ и на САД повторно им го доставија на лидерите, поделени се надлежностите кои БиХ би ги имала со ентитетите. Според белградскиот весник „Блиц“ предвидено е во Уставот да се наведат надлежностите кои БиХ веќе ги има, а со ентитетите би ги делела надлежностите кои се однесуваат на внатрешната безбедност, оданочувањето, изборниот процес, правосудството, науката и технологијата, околината и локалната самоуправа.