Карл Билд ненадејно во Скопје.

Министерот за надворешни работи на Шведска, земја актуелен претседавач со Европската Унија, Карл Билд вечерва пристигнa во ненајавена посета на Македонија, јавија новинските агенции од Скопје. Посетата на Билд се доведува во врска со утрешната средба на премиерите на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јорго Папандреу.
Билд во неколку наврати досега изрази оптимизам дека до седми декември Грција и Македонија можат да најдат решение во спорот за името. Тогаш имено се очекува на самит на Европската Унија да биде решено дали на Македонија ке и биде даден датум за преговори за членство во Унијата