ЕП ја изгласа резолуцијата за проширување на ЕУ

Европскиот парламент денеска ја изгласа резулуцијата за проширување на ЕУ,според која Советот на ЕУ на самитот на 7 декември треба да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на претпристапните преговори со Македонија. Во документот, почетокот на преговорите не се условуваат со претходно решавање на спорот за името, но се охрабруваат Македонија и Грција да ги интензивираат преговорите и да го решат проблемот.