Албанскиот претседател посредник меѓу власта и опозицијата

Албанскиот претседател Бамир Топи се понудил да биде посредник за решавање на спорот меѓу власта и опозицијата , поради се подлабоката политичка криза во земјата. Тој изјавил дека сака да посредува за излез од ќорсокакот , но рекол дека за тоа се потребни двете страни. Опозицијата протестира неколку денови и бара од премиерот Сали Бериша повторно разгледување на изборните гласови.