Потврдена пресудата за убијците на Џинџиќ

Врховниот суд во Србија ја потврди казната затвор за двајцата обвинети кои во 2003 извршиле атентат врз српскиот премиер Зоран Џинџиќ. Врховниот суд решил дека жалбите на обвинетите Милорад Улемек Легија и на Ѕвездан Јовановиќ се неосновани и ја потврдил пресудата според која тие треба да одлежат по 40 години во затвор.