Хјуман рајт воч:Србија да ги заштити правата на хомосексуалците

Организацијата Хјуман рајтс воч ги повика денеска српските власти да преземат видливи чекори во борбата против дискриминацијата на хомосексуалците. Од организацијата испратиле писмо со српскиот претседател Борис Тадиќ во кое се бара да се запре насилството против геј популацијата во земјата. Тие исто така побарале српските власти да ги истражат заканите против хомосексуалците и да дозволат да се одржи геј парадата закажана за март 2010-та. Геј маршот кој требаше да се одржи во септември во Србија беше откажан поради безбедносни причини