Руски мразокршач „ослободен“ од мразот на Јужниот пол

Рускиот брод за кршење мраз Капетан Хлебников синоќа пристигна во аргентинското пристаниште Ушуаја, откако неколку дена беше заглавен во мразот на Антарктикот. Сите 88 членови на екипажот и 105-те, претежно британски туристи се во добра состојба.