На Големиот Состанок во Авганистан можеби ќе дојдат и милитантите

Портпаролот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, изјавил дека постои можност да се поканат милитантите да присуствуваат на големиот состанок на Советот, со цел да се побара мир и помирување со талибанците. Портпаролот Хамид Емши за Ројтерс изјавил дека Владата разгледува две опции, или на големиот Состанок да се повикаат милитантите или да се расправа за помирување со нив, но без нивно присуство.Тој голем Состанок Карзаи сака да се оджи пред парламентарните избори во јуни, изјавил портпаролот.
Талибанците велат дека нема да преговараат со Карзаи се додека западните сили се присутни во земјата.