Бродска несреќа во Индонезија, 21 загинати

Во бродската несреќа во Индонезија, загинале најмалку 21 човек ,а спасувачите од водата извлекле над 200 преживеани патници, соопштила локалната полиција. Претставникот на локалните власти, Хурдин Басурин изјавил дека бројот на жртвите може да биде и поголем , затоа што акцијата за спасување се уште трае. Траектото утрово потонал помеѓу Синагапур и Суматра најверојатно поради лошите временски услови. Во Индонезија бродските несреќи се чести, само во последната година при потонување на бродови загинале повеќе стотици луѓе.