Двајца астронаути на вселенска прошетка

Двајца американски астронаути од шатлот Атлантис треба денеска да излезат во Вселената за да постават инструменти на Меѓународната Вселенска Станица. Мајкл Форман и Рендолф Бресник ќе инсталираат дел од проектот за следење бродови и посебен уред за мерење на електричното полнење на вселенска станица. Американската вселенска агенција НАСА наскоро треба да ја пензионира флотата на леталата шатл. Во иднина Меѓународната вселенска станица ќе се снабдува со помалите руски капсули Сојуз.