Претседателот Иванов разочаран од изјавата на српскиот министер Јеремиќ

Претседателот Ѓорѓе Иванов е разочаран од вчерашната изјава на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ дека Белград го подржува грчкиот став за проблемот со името на Македонија, јавува МИА. Иванов денеска е во Белград, на погребот на српскиот поглавар Павле. Македонскиот претседател го откажал присуството на приемот во Белград во организација на министерот Јеремиќ.