НАТО загрижени за односите со Москва

Од НАТО денеска изразиле загриженост поради неодамнешното одржување на руско-белоруските воени вежби во близина на границата на Полска. Портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи изјавил дека тоа не оди во прилог за подобрување на односите меѓу Москва и воениот сојуз. На воени вежбо кои се одржуваа во септември учествуваа повеќе од 12 илјади војници.