САД се за проширување на НАТО

Американскиот помошник државен секретар за одбрана, Александер Вербшоу , денеска во Сараево изјавил дека САД се одлучни да помогнат за зачувување на мирот во југоисточна Европа , дека се за ширење на НАТО и се залагаат сите членки на Американко-јадранската повелба да се вклучат во воената Алијанса.Вершбоу кој го отворил состанокот на министри за одбрана на земјите членки на Јадранската повелба, изјавил дека и Македонија ќе стане членка на НАТО, веднаш штом ќе го реши спорот за името.