САД ја критикуваа ирзаелската политика кон Палестина

Израел со одлуката да продолжи со изградбата на еврејските населби во Источен Ерусалим , ги искомплицира обидите на администрацијата да ги обноват мировните разговори, изјавил американскиот претседател Барак Обама. Израелските власти, вчера дадоа дозвола за изградба на 900 нови домови во Источен Ерусалим, територија што Палестинците ја сакаат за своја престолнина. Палестина побара Израел да се откаже од спорните населби, за да може да се вратат на мировните преговори кои беа прекинати минатата година.