Македонија на 71 место во светот по корупција

„Транспаренс интернешнл“ ја рангира Македонија на 71 место според индексот на перцепција на корупцијата. Земјата местото го дели со Бугарија, Грција и Романија. А од регионот подобро рангирани од Македонија се Црна Гора, Хрватска и Турција. Истражувањето за перцепцијата на корупцијата е спроведено во 180 земји.Најмалку корупција има во Нов Зеланд, Данска, Сингапур и Шведска, а најмногу во Ирак, Судан, Мајнмар и Авганистан.