Во Авганистан, отворена посебна служба за справување со корупција

Во Авганистан денеска е формирана посебна служба која ќе ги решава случаите на корупција во кој се инволвирани официјални претставници и други високи политичари. Министерот за внатрешни работи Ханиф Атмар , го отвори центарот , откако авганистанската власт беше критикувана и беше побаранао да се справи со корупцијата во своите редови. Процесите кои ќе ги води службата ќе бидат надгледувани од полициската мисија на ЕУи на САД во Авганистан. Претседателот Хамид Карзаи беше под силен притисок на меѓународната јавност да се справи со корупцијата.