Пратеникот Стојан Андов смета дека ставовите на македонскиот државен врв за прашањето за името со Грција, се „збркани и нејасни “ , поради што Македонија на 7 декември ќе доживее уште еден „Букурешт“.Според него последните сигнали од Њујорк за името се алармантни и ги уназадуваат преговорите , а враќањето на двојната формула значи неподготвеност да се влезе во преговори.