Медведев - нужни се економски реформи во Русија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, во денешното годишно обраќање во Парламентот, ги најави плановите за модернизација на руската економија. Тој нагласи дека се неопходни економски реформи за да се овозможи натамошен развој, критикувајки ја базираноста на економијата само на енергетските ресурси. Медведев истакна дека Русија не може да биде светска сила само врз основа на достигнувањата од минатото.