Собранискиот Деловник на комисиска расправа

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска треба да расправа за предложените измени и дополнувања на Деловникот на Собранието. Расправата требаше да се одржи вчера но беше одложена на барање на пратениците на СДСМ за да го разгледаат Извештајот на работната група на собраниските служби за тоа колку предложените измени се во согласност со препораките на Европската комисија за правна демократија. Измените на Деловникот беа договорени на пленарна седница на Парламентот на која беше дoнесен Законот за Собранието. Опозициската СДСМ која го поддржа законот тогаш побара измени на Деловникот за работа.