Караџиќ ќе се жали за доделениот адвокат

Обвинетиот за воени злосторства Радован Караџиќ денеска побарал одобрение од Хашкиот трибунал да поднесе жалба на одлуката на судскиот Совет да ми се додели бранител. Ако судот му одобри , Караџиќ ќе има една недела да поднесе жалба. Како причина за поднесување на жалбата тој наведува дека со тоа што судот одредил дека на адвокатот му се доволни 3, 5 месеци да ја подготви одбраната. И да го води процесот кој според Караџиќ е обемен и комплексен. Советот му додели бранител, но се уште не е соопштено неговото име. Процесот треба да продолжи на 1 март, наредната година.