Меркел:Потребна нова стратегија за Авганистан

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повикала да се донесе нова стратегија за Авганистан, со што за сигурноста на земјата ќе се грижат локалните авганистански сили. Ова Меркел го изјавила за време на нејзиното прво обраќање пред парламентот откако е повторна избрана на изборите во септември. Германија има околку 4.000 војници во состав на НАТО мисијата во Авганистан, но граѓаните не ја подржуваат мисијата. Меркел пред парламентот изјавила дека авганистанската влада мора подобро да ја води државата и да обезбеди политичка ,економска и социјална сигурност.