Немири во Пакистан, 17 загинати

Најмалку 17 луѓе загинале денеска во одвоени напади во Пакистан. Меѓу загинатите се и 6 војници и еден полицаец. Полицаецот бил убиен кога се обидел да го запре возилото со кое се превезувале милитанти. А другите загинале во самоубиствени бомбашки напади . Нападите на Талибанците се како одговор на офанзивата на пакистаснките сили во Јужен Вазиристан. Иако никој со сигурност не може да потврди колку луѓе загинале за време на офанзивата, се претпоставува дека загинале повеќе од 480 милитанти и околу 50 пакистански војници.