Меркел се сретна со Обама

Американскиот претседател Барак Обама и се заблагодарил на германската канцеларка Ангела Меркел за „жртвите“ што ги трпи Германија што и понатаму има воени сили во Авганистан. Обама и Меркел разговарале и за климатските промени . Се очекува Меркел да се обрати пред американскиот Конгрес, таа е вториот германски канцелар кој ќе се обрати пред Конгресот, пред неа само Конрад Аденауер имал обраќање во 1957-та година.