Европскиот суд забрани крстови во италијанските школи

Европскиот суд за човекови права денеска пресудил дека италијанските државни училиштаво со тоа што имаат истакнато распетие им го кршат правото на учениците да веруваат во она што сакаат да веруваат. Судот одлучил распетијата да се тргнат . На одлуката во Италија се гледа како на контроверзна бидејќи во Италија римокатоличката религија е прогласена за државна уште во 1984. Министерот за образование ја бранел одлуката за поставување на распетија велејќи дека тоа е симбол на нивната традиција.