Напади во Ирак, најмалку 7 мртви

Најмалку 7 луѓе загинале, а десетици се повредени во одвоени напади во Ирак, соопштила полицијата. Во Мусајаб град кој се наоѓа на 60 киломерти јужно од Багдад, во експлозија на бомба која била закачена на велосипед, загинале 5 луѓе, а повредени се 37. Во експолозија на автомобил бомба во Рамали, загинале двајца а повредени се четворица. Полицијата соопштила дека цел на овој напад била полициска патрола. А во Кикрук полицијата пронашла застрелан маж.