Претседателските избори во Хрватска на 27 Декември

Хрватската Влада реши да ги закаже претседателските избори за 27 декември. Евентуалниот втор круг од изборите ќе се одржи на 10 јануари 2010. За наследник на Стипе Месиќ се очекува да се пријават 12 личности од политичката сцена, а во анкетите убедливо најдобро стои кандидатот на опозициската Социјалдемократска партија Иво Јосиповиќ додека зад него се независниот кандидат Надан Видошевиќ, кандидатот на ХДЗ Андрија Хебранг и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.