Отворен патот за Лисабонскиот договор и Претседател на ЕУ

Лидерите на Европската Унија го одобрија предлогот со кој се очекува да и се овозможи на Чешка да го ратификува Лисабонскиот договор. Исто така како што е соопштено постигната е согласност и за воспоставување на функцијата Претседател на Европската Унија.
На самитот во Брисел е соопштено дека сега се очекува Претседателот Вацлав Клаус да потпише Лисабонбскиот договор доколку Чешкиот Уставниот суд потврди дека не е спортивен на чешките закони. Се очекува Уставниот суд да се изјасниу следната недела. Чешка е последна од 27-те земји-членки кои го ратификуваа Лисабонскиот Договорот чија цел е подобрување на ефикасноста на процесот на одлучување во Унијата и зајакнување на нејзината улога на светската сцена со создавање. За таа цел е и формирањето на функциите Претседател и министер за надворешни работи.