Заврши средбата Греувски-Папандреу

Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, попладнево имаа получасовна средба во зградата на Советот на Европската унија во Брисел. По завршувањето на средбата , премиерите не дале изјави. Претходно беше најавено дека тие ќе разговараат за прашањето за името.