Бил Клинтон во недела ќе ја посети Приштина

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во недела ќе допатува во Приштина, за прославата за неговата улога во конфликтот меѓу Косово и Србија, изјавил денеска косовскиот премер Хашим Тачи, пренесува германската новинска агенција. Клинтон ќе добие статуа која ќе биде поставена на булеварото кој го носи неговото име. Клинтон беше на чело на Америка , кога НАТО силите предводени од САД, интервенираа во Србија за да ја спречат србската кампања против албанците.