105 жртви во бомбашкиот напад во Пакистан

Бројот на жртви од вчерашниот бомбашки напад во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 105. Вчера, автомобил бомба експлодира на пазар преполн со жени и деца. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Пакистанските власти велат дека нападот нема да ги поколеба да ја продолжат офанзивата против Талибанците во Јужен Вазиристан. Нападот се случи по доаѓањето на државната секретарка на САД Хилари Клинтон во Пакистан, за да им изрази подршка на тамошните власти во борбата против Ал Каеда и против Талибанците.