Грција понуди се што можеше за решавање на прашањето за името и очекува тоа да го стори и северниот сосед, изјавил синоќа грчкиот претседател Каролос Папуљас. Тој додал дека Скопје треба да се откаже од националистичките позиции и да придонесе за решение на спорот. Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас ја повтори грчката позиција за едно име со географска одредница, решение кое ќе ја отвори евро-атланската перспектива на Македонија.