Чешкиот суд ја одложи расправата за Лисабонскиот договор

Чешкиот Уставен суд ја одложи за 3 ноември расправата за легалноста на ратификацијата на Лисабонскиот договор. Судот денеска ги ислуша жалбите на 17 чешки сенатори, кои тврдат дека договорот го крши суверенитетот на Чешка. Чешката Република е единстената земја членка на ЕУ која уште не го ратификувалa договорот. Официјалните претставници на Судот изјавиле дека пресудата за случајот најверојатно ќе биде донесена на следната седница.