Чешкиот Уставен суд расправа за Лисабонскиот договор

Чешкиот Уставен суд ја започна седницата на која се расправа за легалноста на ратификацијата на Лисабонскиот договор. Судот ги сослушува жалбите на 17 сенатори кои сметаат дека Договорот ја нарушува сувереноста на Чешката Република. Чешка е единствената земја члeнка на ЕУ , која не го потпишала овој Договор. Парламентот го одобри, но претседателот Вацлав Клаус сеуште не го потпишал. ЕУ сака до крајот на годината да го ратификува процесот. Чешкиот суд не соопшти до кога ќе ја донесе одлуката.