Иран сериозно размислува за предлогот за ураниум на ОН

Министерот за надворешни работи на Ирак, Мануџер Мотаки, изјавил дека Иран сериозно размислува за предлогот на ОН, кој предвидува испраќање на ниско збогатен ураниум во странство на дозбогатување за понатамошна употреба во Техеран, јавува агенцијата ИРНА. Ова е првиот знак кој би можел да значи дека Иран ќе го прифати предлогот на ОН. Во меѓувреме инспектори на ОН, ја посетија постројката за збогатување ураниум во близина на градот Ком.