Грузија ги обвини руските сили за киднапирање на 16 луѓе

Грузија денеска ги обвини руските сили за киднапирање на 16 жители од регионот Јужна Осетија. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Грузија, изјавил дека луѓето биле киднапирани вчера попладне додека собирале дрво за огрев.