132 мртви и 500 повредени во експлозиите во Багдад

Бројот на жртви во двете одвоени експлозии кои денеска го погодија централен Багдад се искачи на 132 загинати и 500 повредени луѓе, соопштија ирачките власти. Една од експлозиите ја оштетила зградата на Министерството за правда додека другата ја погодила канцеларијата на гувернерот и предизвикала пожар. Последните бомбашки напади се случуваат по два месеци откако во двојна експлозија загинаа речиси 100 луѓе.Досега никој не ја презеде одговорноста на нападот.