Груевски побарал обединетост на дијаспората

Потребна е обединетост и сплотеност на сите Македонци од дијаспората во остварување на стратешките и националните интереси на земјата, порачал премиерот Никола Груевски на средбата со македонските иселеници во Австралија.Сите вие и сите ние имаме иста цел, иста идеја, да и помогнеме на Македонија, изјавил Груевски. Премиерот побарал поголемо обединување кај дијаспората и во однос на прашањето за името.