Инспектори на ОН, утре во посета на постројката за ураниум во Иран


Претставници на Агенцијата на нуклеарна програма на ОН, утре ќе ја направат првата посета на постојката за збогатување на ураниум во близина на градот Ком, во Иран, јавува иранската новинска агенција. Тимот на ОН ќе пристигне денеска во Иран и ќе остане таму три дена. Посетата на инспекцискиот доаѓа откако Иран пропушти во дадениот рок од нуклеарната агенција на ОН да одговори на предлогот, според кои ниско збогатен ураниум од Иран ќе бидат испратен во Русија за претворање во гориво за потребите на факултетот за нуклеарна медицина во Техеран.. Иран соопшти дека официјално ќе одговори на предлогот следната недела.