Инцко: за БиХ е најбитен компромисот

Високиот претставник на Европската унија во Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави дека процедурата за измени на Уставот на Босна и Херцеговина не е можна без консензус на сите три народи. ,,Несогласувања постојат. Клучно е прашањето дали постои политичка волја да се најде компромис. Мислам дека на следните избори треба да им се даде поддршка на оние кои се залагаат за договор, рече Инцко во интервју за весникот „Политика“. Според него, стравот од загуба на позицијата е единствено нешто што ги мотивира политичарите. Политичките лидери на БиХ во Бутмир се согласија да го продолжат дијалогот, а тоа, како што оцени Инцко, била добра вест.