Нацрт предлог против нуклеарната програма на Иран

Обединетите нации очекуваат денеска нацрт предлог од трите светски сили Русија, Франција и Америка, за тоа како да се овозможи Иран да го испрати ураниумот во странство. Целта е да се отстранат сомнежите дека Иран работи на нуклеарна програма, односно дека го користи ураниум за изградба на атомско оружје. Според планот земјата ќе ги испрати своите резерви во Русија и Франција, кои ураниумот ќе го претворат во гориво.