Две години затвор за возачот на џипот во кој пред две години загина Тоше Проевски, досуди денеска кривичниот суд во Скопје. Според судот причина за несреќата е непочитување на сообраќајните правила, возење со недозволена брзина и недоволно растојание меѓу возилата.