Продолжуваат „Бутмирските разговори“ за иднината на БиХ

Во воената база Бутмир кај Сараево денеска продолжуваат разговорите на претставници на САД и ЕУ со лидерите на водечките политички партии во Босна и Херцеговина. Целта на разговорите е јакнење на институциите на федерално ниво, за да може државата да напредува кон евроатланските интеграции. На почетокот на состанокот, вчера, учесниците не успеале да ги приближат ставовите.