Напад на Исламскиот Универзитет во Исламабат

Пакистанските власти изјавија денеска дека двајца бомбаши самоубијци го нападнале Исламскиот Универзитет во Исламабад, при што се убиени најмалку шест а повредени 20 луѓе. Полицијата соопштила дека напаѓачите влегле во кафитеријата за жени во универзитетот. Во самоубистевени напади во Пакистан, во изминатите недели загинаа повеќе од 170 луѓе. По што пакистанската влада презеде офанзива врз Јужен Вазиристан против милитантите во која тврди дека се убиени 78 бунтовници и 9 војници.