Дмитриј Медведев од денеска во Србија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска треба да пристигне во официјална посета на Србија. Српскиот премиер Мирко Цветковиќ вчера оцени дека Русија е стратегиски партнер на Србија и дека нивните меѓусебни односи треба да се подобруваат. Тој рече дека посетата на Медведев е многу важна за продлабочување на руско-српските односи. Се очекува една од главните теми на разговорите да биде рускиот кредит од 1 милијарда долари за Србија. Медведев ќе присуствува и на церемонијата по повод ослободувањето на Белград од фашистичка окупација.