Осудени двајца реформисти во Иран

Иранските власти осудија двајца политичари реформисти под обвинение дека иницирале улични протести по претседателските избори во земјата. Хедајат Агхаие е еден од главните поддржувачи на поразениот кандидат на иранската опозиција Мир Хусеин Мусави. Шахад Табатабаи, пак, е еден од главните соработници на Мусави. Неофицијално, двајцата се осудени на по пет години затвор.