Двајца милитанти на Ал-Каида убиени во Саудиска Арабија

Од Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија изјавиле дека двајца припадници на Ал Каида биле убиени во престрелките кога тие се обиделе да влезат во земјата од Јемен. Од Министерството велат дека двајцата мажи кои биле преоблечени во жени , се наоѓале на листата на најбарани милитанти. Уште 6 јеменци кои соработувале со нив биле уапсени. Тие планирале да влезат во земјата и да извршат напади. Во престрелката со милитантите , настрадал еден војник. .