Се очекуваат наодите од гласањето во Авганистан

Комисијата за жалби подржана од ОН, се очекува денеска да ги објави наодите од нивната истрага за измами на претседателските избори во Авганистан. Претседателот Хамид Карзаи одби да одговори дали ќе ги прифати наодите на Комисијата. За повеќето од наодите што се под истрага се верува дека го фаворизираат Карзаи. Тој на првиот круг на изборите во август освои повеќе од 54 проценти од гласовите. Но ако Комисијата заклучи дека повеќето од гласачките ливчиња се нерегуларни, тоа може да му го намали процентот и да доведе до втор круг на избори.