Сомалиските пирати заплениле сингапурски брод во Индискиот океан, соопштиле од Африканската агенција за помош. Шефот на агенцијата соопштил дека на бродот биле 21 членови на екипажот и дека со авиони се истражува теренот за да се реши ситуацијата. Сомалиските пирати , држат повеќе од 6 запленети бродови и околу 110 членови на екипаж.