Прогноза за намалување на економскиот раст

Европската банка за обнова и развој соопшти дека економијата во централна и источна Европа треба ќе се намали за 6,3 проценти во 2009 година, како резултат на "наглото намалување на производството" во првата половина од годината. Претходно се прогнозираше дека тоа намалување треба да изнесува 5,2 поценти.Во извештајот на Европската Банка за обнова и развој кој треба да биде објавен во целост наредниот месец, пишува дека постојат знаци кои укажуваат на тоа дека има позитивен раст во третиот квартал , но исто така пишува и дека во 2010 економијата нема да бележи некој поголем пораст и дека опоравувањето ќе биде тешко.